Јапонија избира нов премиер на 4 октомври

Сподели со своите пријатели

Јапонската Либерално-демократска партија (ЛДП) одлучи да одржи ново гласање за лидерство на 4 октомври за да го избере наследникот на премиерот Шигеру Ишиба.

Изборите ќе се спроведат во поширок формат, вклучувајќи гласање и за пратениците и за редовните членови, објави Ројтерс.

Неколку високи функционери во владејачката јапонска Либерално-демократска партија (ЛДП) вчера објавија дека ќе се кандидираат за лидерство на партијата, еден ден откако премиерот во заминување Шигеру Ишиба објави оставка, потврдија извори запознаени со ситуацијата.

Поранешниот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изјави дека има намера да се кандидира за функција на гласањето кое веројатно ќе го одреди следниот премиер на Јапонија, а кандидатурата за лидер на партијата, која ја вклучува и позицијата премиер, ја објави и главниот портпарол на владата и секретар на кабинетот, Јошимаса Хајаши, објави Кјодо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на нов ракетен мотор во Северна Кореја

Ишиба ја објави својата одлука да поднесе оставка од функцијата лидер на ЛДП и премиер, соочувајќи се со притисок од сопствената партија да се повлече и да ја преземе одговорноста за лошиот настап на изборите за Домот на советниците во јули.

Премиерот во заминување Шигеру Ишиба се кандидираше за претседател на ЛДП на изборите во 2024 година, кога победи во вториот круг од гласањето, станувајќи нов лидер на партијата и кандидат за премиер на јапонската влада, и формално беше избран за премиер од страна на Националното собрание на 1 октомври минатата година.

Како премиер, Ишиба речиси веднаш распиша предвремени општи избори, каде што владејачката коалиција на ЛДП го загуби мнозинството за прв пат од 2009 година и го доживеа вториот најлош резултат во историјата на партијата, објавува Тануг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Свински глави оставени пред неколку џамии во Париз, полицијата ги истражува случаите