Јапонија им понуди на пријателските земји финансиска поддршка за зајакнување на нивната одбрана

Сподели со своите пријатели

Јапонија денеска соопшти дека планира да им понуди на пријателските земји финансиска поддршка за зајакнување на нивната одбрана, како прво недвосмислено отстапување на Токио од правилата за забрана на меѓународна помош за воени цели, пренесува Ројтерс.

Loading...

Јапонската безбедносна помош (OSA) ќе се спроведува одделно од програмата за развојна помош (ОДА), од која со децении се финансираат патишта, брани и други цивилни инфраструктурни проекти, изјави за новинарите генералниот секретар на Владата Хироказу Мацуно.

„Со зајакнување на безбедносните и одвраќачките способности, ОСА има за цел да ја продлабочи нашата безбедносна соработка со земјите и да создаде пожелно безбедносно опкружување за Јапонија“, се вели во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кандидатот на владејачката партија во Полска води на анкетите пред изборите

Како што е наведено, помошта нема да се користи за купување смртоносно оружје што земјите приматели би можеле да го користат во конфликти со други земји, во согласност со трите принципи кои го регулираат извозот на оружје.

Се очекува конкретни проекти да опфатат сателитски комуникациски и радио системи за поморски надзор, а во тек се подготовките за комплетирање на првата транша од помошта оваа фискална година, соопшти МНР.

Филипините и Бангладеш најверојатно ќе бидат првите приматели на оваа помош, изјави владин извор вклучен во разговорите за Ројтерс.

Во принцип, само земјите во развој ќе имаат право да добијат помош, која ќе се обезбедува преку грантови, велат од МНР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина „најскромниот претседател“. Светот се простува од Хозе Мухика!

Јапонија генерално ги засили своите активности кон земјите во развој во обид да и парира на Кина.

Loading...

Во март, премиерот Фумио Кишида најави инвестиција од 75 милијарди долари низ Индо-Пацификот во обид да изгради посилни врски со земјите од Јужна и Југоисточна Азија.