Повеќе од 22.000 луѓе во јапонската префектура Нагасаки се известени да се подготват за евакуација поради обилните дождови, објавија денеска локалните медиуми.
Loading...
Заканата за градот Сасебо во префектурата Нагасаки е на четврто ниво од системот за предупредување на пет нивоа.
Четвртото ниво значи дека е неопходно да се евакуира на безбедно додека има шанса.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди на нестабилни атмосферски услови во југозападниот дел на земјата, што подоцна доведе до дожд придружени со грмежи.
Агенцијата побара од населението да биде многу внимателно за појава на одрони и поплави во ниските области, пренесува Срна.