Јапонија: Четири лица загинаа во престрелка и напад со нож

Сподели со своите пријатели

Четири лица беа убиени во рурална средина на Јапонија во еден од ретките инциденти со пукање и прободување, кој вклучуваше 12-часовен судир со полицијата, по што беше уапсен 31-годишен маж.

Loading...

Осомничениот се криел во својот дом откако застрелал двајца полицајци кои пристигнале по повикот дека една жена е избодена со нож во областа, изјави началникот на полицијата во префектурата Нагано на телевизиска прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека во престрелката било употребено оружје кое личи на ловечка пушка.

Подоцна била пронајдена уште една постара жена, исто така мртва по очигледен напад со нож.

Јавниот радиодифузен сервис НХК објави дека осомничениот е син на претседателот на градскиот совет на Накано.

„Ова е грозоморно злосторство кое предизвика голем страв кај жителите на префектурата и општеството во целина“, рече началникот на полицијата.

Пукањата се исклучително ретки во Јапонија, каде поседувањето оружје е строго регулирано и секој што сака да поседува пиштол мора да помине низ ригорозен процес на проверка.

„Осомничениот имал дозвола за ловечка пушка“, изјави на одвоен брифинг првиот човек на Националната комисија за јавна безбедност.

Loading...