Јапонија бара спас за автомобилската индустрија, испраќаат преговарач во САД

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот министер за економско закрепнување и преговарач за тарифи, Рјосеи Аказава, изјави дека денес патува во САД за да се залага за побрзо намалување на царините за автомобили според неодамна постигнатиот билатерален трговски договор меѓу двете земји.

Loading...

Иако извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп наведува дека таканаречената реципрочна царина за јапонските стоки ќе биде поставена на 15 проценти, со почеток во четврток, останува нејасно кога ќе се спроведе намалената царина за автомобили, објави Кјодо.

Аказава објави дека целта на неговото патување е да „потврди“ дека нема несовпаѓања во договорените царински стапки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина во неизвесност дури и по договорот за оружје меѓу САД и НАТО

Според договорот, САД ќе ја намалат царината за увезени јапонски автомобили на 15 проценти од сегашните 27,5 проценти.

Јапонија вети дека ќе ги зголеми инвестициите во САД во рамките на програма од 550 милијарди долари.

Аказава, исто така, рече дека можеби ќе биде потребно време за царината за автомобили од 15 проценти да стапи на сила, наведувајќи како пример сличен договор меѓу Велика Британија и САД, чија имплементација траеше со месеци.

Со оглед на тоа што автомобилскиот сектор е главен двигател на јапонската економија зависна од извоз, повисоките американски царини се удар за производителите на автомобили како што се Тојота и Хонда, со оглед на важноста на американскиот пазар за нивниот профит, според Кјодо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Царините на Трамп им штетат и на неговите пријатели Фицо и Орбан

Во април, Трамп воведе данок од 25 проценти на автомобили увезени во САД, покрај веќе постоечкиот данок од 2,5 проценти.

Loading...