Првиот патник околу Месечината ќе биде јапонскиот милијардер и моден тајкун Јусаку Маезава (42), соопшти компанијата на Илон Маск, „Спејс екс“.
Мисијата е планирана за 2023. година и ќе биде прва посета на човекот на Месечината, по „Аполо 17“ кој на зејиниот природен сателит слетал во далечната 1972 година.
Во вселената би требало да го понесе ракетата BFR (Big Falcon Rocket) која Маск на јавноста и ја претстави во 2016. година.
Замислен е како меѓупланетарен брод кој би служел за испраѓање луѓе во вселената, тоа е ракетен систем заснован на комбинацијата од ракета и вселенски брод наречен BFS (Big Falcon Spaceship).
Маск минатата година најави дека главната ракета ќе биде испратена со 31 главен мотор Раптор и дека во првата фаза ќе може да понесе товар од 150 тони во ниската орбита на Земјата, а во втората 100 парници на Марс.
– Многу е храбар поради тоа што се одлучи на ова, рекол Маск, зборувајќи за богатиот Јапонец.
Маезава е поранешен тапанар на панк бенд, но и голем вљубеник во уметноста. Во Јапонија е 18. најбогат човек чие богатство се проценува на три милијарди долари, пренесува АФП.
На широката светска јавност Маезава и станал познат минатата година кога на аукцијата во Њујорк, за сликата на Жан Мишел Баскијат издвоил 110,5 милиони долари.
– Јас избирам да одам на Месечината, напишал јапонскиот милијардер на Твитер.
За да патувањето на Месечината го направи уште поинтересно, овој љубител на уметноста и поранешен музичар, рекол дека ќе повика осум уметници од целиот свет да тргнат со него.
– Ќе им кажеме да направат нешто кога ќе се вратат на Земјата, рекол Маезава.
https://www.instagram.com/p/BXpylGFD1iH/?utm_source=ig_embed

