Веќе над 25 векови, луѓето се занимаваат со пронаоѓање одговори за женскиот темперамент. Ова интересирање првенствено е поврзано со очигледноста на индивидуалните разлики меѓу луѓето.
Постојат многу пристапи и методи по прашањето на карактерните особни. Јапонците и Корејците, на пример се придржуваат до теоријата која ги врзува со крвната група на човекот. На пример, во Јапонија, и ден денес при вработување предвид се зема и крвната група.
Во продолжение дознајте каков е темпераментот на жените според крвната група:
Жените со оваа крва група се прилично егоистични. Во однос на мажите многу се љубоморни и страствени. Доминантни се и силни личности. Овие претставнички на поубавиот пол се обидуваат во се да ги контролираат своите избраници, така што мажот кој ќе се обиде да ја изневери, тоа тешко би го остварил.
Овие жени кон мирните и слаби партнери бргу стануваат рамнодушни. Вреди да се напомене дека меѓу успешните, бизнис жени, и познати личности, доминираат жените со оваа крвна група.
Зошто луѓето со „0“ крвна група се посебни?
Од своите мажи очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како сопруги владеат од позадина и често активно учествуваат во изградбата на кариерата на својот сопруг. Како мајки, кон децата се поставуваат другарски, скоро пријателски, а сопствените амбиции ги остваруваат преку мажот и децата.
„А“крвна група
Оваа крвна група ги карактеризира жените кои се одликуваат со трпение и смиреност. Многу често за нив владее мислењето дека се несебични, друштвени и многу дисциплинирани. Пред се, овие жени ја ценат уредноста и комфорот. Секогаш тежнеат кон бесконфликтно решавање на проблемите.
Која крвна група најдобро го поднесува стресот?
Но, при сето тоа, носителите на оваа крвна група се многу тврдоглави и понекогаш раздразливи. Често се доживуваат како потчинети. Во љубовните односи се многу срамежливи. Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Меѓутоа, поради емотивната и чувствителна природа, своите чувства ќе ги откријат дури кога целосно ќе бидат сигурни дека нема да бидат изиграни и повредени. Како сопруги се идеални. Жените од оваа крвна група се мајки кои своите деца ги контролираат и поддржуваат, но и бараат многу од нив.
„Б“ крвна група
Овие жени се одликуваат со флексибилноста на карактерот, тие одлично поднесуваат осаменост, но во голем колектив се чувствуваат како риба во вода. За разлика од првите две крвни групи, тие не сакаат да бидат лидери, ниту потчинети. Но, знаат многу добро да извлечат корист од различни ситуации, чувајќи ја притоа својата независност.
Луѓето со оваа крвна група се најдобри во кревет!
Таквите жени одлично се снаоѓаат во општеството. Сакаат да флертуваат. Не треба да бидете изненадени од фактот дека имаат многу пријатели од спротивниот пол.
Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност, како и постојано внимание од своите избраници. Во партнерските односи делуваат помалку напори и недопирливи и затоа тежнеат он одлука за брак. Инаку, кога ќе се омажат и станат мајки, многу се верни и посветени на семејството.
„АБ“ крвна група
Претставниците на оваа крвна група се многу чувствителни и урамнотежени. Многу се тактични, пристојни и поштени. Притоа, овие дами многу тешко носат било какви одлуки, буквално ги раздираат сомнежите и внатрешните конфликти. Таквите жени често се сакани. Во љубовните односи се многу искрени.
Нема знаци, туку крвни групи: Јапонскиот хороскоп е нешто сосема поинакво
Тие обожаваат мажи со авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта само додека им дозволат да останат мистични. Како мајки се многу попустливи кон своите деца, благи се и не се напорни. Успешно наоѓаат мерка колку можат да бидат другари со своите деца.