Јанша: И другите европски лидери треба да ја посетат Украина

Сподели со своите пријатели

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека другите лидери на земјите-членки на ЕУ треба да го посетат Киев за поддршка на Украина, откако тој и премиерите на Полска и Чешка го сторија тоа, објавија во четвртокот словенечките медиуми.

Слична покана речиси истовремено упати и полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Тој ги повика лидерите на Европската унија, САД и Велика Британија да го посетат главниот град на Украина и да изразат солидарност.

 

Како Европа ќе се справи без рускиот гас?

 

– Исклучително е важно другите шефови на држави да ја посетат Украина и да им дадат поддршка и ЕУ да го испрати својот претставник назад во Киев за да има некој што може физички да ги застапува – рече Јанша во интервју за британскиот Би-Би-Си, а објавија медиумите во Словенија.

Јанша рече дека тој и премиерите на Полска и Чешка разговарале за „вистински прашања, а не теоретски“ за време на посетата на Киев во вторникот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Меѓу другото, станало збор за санкции, секаков вид помош за Украина, хуманитарна и бегалска помош и техничка и воена помош.

 

Остар говор на Зеленски во Бундестагот: Помошта пристигна предоцна, мирот е поважен од приходите

 

„Разговаравме и за иднината и можната рамка за траен мировен договор“, рече тој.

Јанша додаде дека она што може да има силно влијание врз Русија е „повлекувањето на Украинците од целта за влез во НАТО“.

– Русија го посочува членството во НАТО како главна причина за инвазијата на Украина, а доколку украинското раководство е подготвено да го промени тоа, Русија повеќе нема да има причина за инвазија – додаде Јанша за Би-би-си.

Тој истакна дека идното членство во ЕУ е од стратешко значење за Украина бидејќи претставува безбедност што е институционална и мора да се почитува.

 

Како Европа ќе се справи без рускиот гас?

 

Што се однесува до иднината на рускиот претседател Владимир Путин, Јанша рече дека доколку е подготвен да преговара, ќе може да влијае на тоа што ќе му се случи.

– Повлекувањето на руските воени единици ќе ги укине санкциите. Колку побрзо се случи повлекувањето, толку побрзо ќе бидат укинати санкциите – додаде словенечкиот премиер.

На новинарско прашање за средбата на европската тројка со Зеленски, Јанша одговори дека украинскиот претседател е многу уморен, но во исто време полн со енергија.

– Тоа зрачи со решителност на целата нација, па затоа го поддржуваат повеќе од 90 отсто од Украинците – рече Јанша.