Женскиот ракометен клуб Куманово е пред нов предизвик да ја одбрани титулата во Купот на Македонија, но затоа ќе мора денеска да го совлада Металург во полуфиналниот натрепвар, што е првата пречка кон патот на триумфот.
Токму на таа тема, за очекувањата и подготовките кратко разговаравме со ракометарката на Куманово Ангела Јанкуловска која во 2019та година дојде од Пелистер, а воедно таа е дел и од женската ракометна репрезентација на Македонија.
Во продолжение разговорот со Јанкуловска:
КМ: Дали две победи над Металург ви значат нешто во првенството во пресрет на утрешното полуфинале?
– Тие две победи се плус мотивација за нас, добро се подготвувавме за овој натпревар, ја знаеме екипата на Металург, не знаат и тие нас. Грешките од претходните два натпревари се надевам дека ќе ги сведеме на минимум за да постигнеме победа.
КМ: Што очекувате од полуфиналето, од самиот натпревар?
– И двете екипи сме доста квалитетни. Екипата на Металург во никој случај не е за потценување така да од полуфиналето очекуваме да влеземе во натпреварот крајно мотивирани и да дадеме се од себе за да ја оправдаме довербата на нашите тренери кон нас.
КМ: Какви се очекувањата и проекциите за финале доколу извојувате победа над Металург?
– Во овој момент најважен ни е утрешниот натпревар, ако ја поминеме првата пречка тогаш ќе размислуваме за финалето. Одиме чекор по чекор.
КМ: Дали очекувате дека ќе се изборите за тутилата во Купот?
– Погледот мора да ни биде насочен кон освојување на Купот, но како што кажав пред нас е полуфиналниот натпревар, кој е доста важен за остварување на нашата цел. Се надевам дека по втор пат ќе ги израдуваме граѓаните на Куманово и ќе го вратиме трофејот во витрините на ЖРК Куманово.
Никола Ивановски