Крилниот центар и актуелен репрезентативец на Македонија и претстојната сезона ќе остане верен на сино-белиот дрес на КК Куманово, откако вчера потпиша нов едногодишен договор.
Loading...
Со договорот ова за Јанески е петта сезона во редовите на вицешампионот, а со тоа го има и најдолгиот стаж во клубот.
Не размислував многу пред да го потпишам договорот, откако ми беше понуден. После долго време во клубот, не сакав да ја менувам средината, задоволен сум од изминатиот период минат во клубот и очекувам така да биде и во иднина. Куманово повторно ќе има добар тим, и мислам дека пак ќе водиме битка за титулата во првенството и во Купот – изјавил Јаневски за Gol.mk.
Инаку управата не открива многу детали, но според досегашните информации во дресот на КК Куманово ќе останат и Костоски, Караколев и Караџовски, а на кормилото кон нови победи ќе ги предводи повторно Марјан Србиновски.