„Јагуар“ излета од автопатот Куманово – Скопје, две тинејџерки повредени

Сподели со своите пријатели

Две тинејџерки од Куманово се здобиле со повреди, од кои една со потешки, откако „јагуарот“ со кој се возеле излетал од патот Куманово – Скопје.

– На 06.10.2025 околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови градинки и подобри услови за најмладите, најави Каревска (ВИДЕО)

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски