Дали ви е познато чувството кога често и многу јадете, но сепак сте гладни? Храната би требало да ви ја засити гладта, но поединечни намирници делуваат спротивно: не прават уште погладни.
Ако започнувате со диета, или едноставно не сакате да се прејадете, откријте кои намирници претставуваат најголема замка за вашиот желудец.
Помфрит – вкусен прилог на многу јадења, можете да го јадете и само него, најчесто со додаток на кечап. Но, иако ретко кој може да му одолее, овие јаглени хидрати се преполни со скроб, така да многу брзо ќе огладнете без оглед колку помфрит ќе изедете.
Бела тестенина – поради индустриската обработка, оваа намирница не содржи доволно хранливи состојки и влакна, па затоа е поконцентрирана отколку здравите намирници. Таа пропаѓа на едноставните јаглени хидрати што го зголемуваат нивото на гликоза во крвта, поради што ќе чувствувате повеќе глад.
Овошен јогурт – е одличен извор на калциум кој е добар за поздрави коски. Но, ако го изедете оној со вкус на некое овошје, вие ќе внесете во организмот многу повеќе шеќер отколку хранливи состојки