Јадела недоволно печена риба. Морале да ѝ ги ампутираат рацете и нозете!

Сподели со своите пријатели

На мајка од Калифорнија ѝ биле ампутирани сите четири екстремитети откако јадела риба заразена со смртоносна бактерија, пишува NYpost.

Loading...

Во четвртокот на Лаура Барахас (40) ѝ била извршена операција која ѝ го спасила животот по неколку месеци поминати во болница.

Нејзините пријатели велат дека таа се разболела неколку дена откако јадела риба што ја купила на локалниот пазар во Сан Хозе и ја направила за себе дома.

– На сите ни е многу тешко. Тоа е ужасно. Ова можеше да му се случи на секој од нас – изјавила за КРОН пријателката Ана Месина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп назначи 27-годишничка за портпарол на Белата куќа

 

 

– За малку ќе го загубеше животот. Беше на вентилатор, рече Месина.

Loading...

– Ја ставија во медицински индуцирана кома. Нејзините прсти беа црни, стапалата црни, долната усна црна. Имаше целосна сепса, а бубрезите ѝ откажуваа – се сеќава пријателката.

Тие велат дека рибата била заразена со Vibrio Vulnificus, потенцијално смртоносна бактерија која се наоѓа во сировата морска храна и морската вода.

Една пријателка започна кампања GoFundMe за да помогне околу медицинските трошоци и нејзиното прилагодување на нејзиниот нов живот.

До недела наутро беа собрани повеќе од 39.000 долари.