Ја убил сопругата, па телото ѝ го меле во блендер. Рекол дека се бранел

Сподели со своите пријатели

Поранешната манекенка, која била финалистка на изборот за Мис на Швајцарија, наводно била убиена и сомелена во блендер од нејзиниот сопруг, соопштија властите во Швајцарија.

Loading...

Кристина Јоксимовиќ (38) во февруари годинава била пронајдена мртва во својата куќа во Бининген, во близина на Базел.

Според локалните медиуми, на нејзиниот сопруг Томас (41) во средата Федералниот суд во Лозана му била одбиена жалбата за ослободување од притвор, откако тој наводно признал дека ја убил сопругата со која има две деца.

Медиумите објавија дека тој го признал убиството за време на повторното прикажување на злосторството во март и тврди дека тоа било во самоодбрана, откако таа го нападнала со нож.

Локалните медиуми јавија дека жената била задавена до смрт.

Во извештајот од обдукцијата се наведува дека нејзиното тело потоа било распарчено со пила, нож и градинарски ножици.

Деловите од телото потоа се дробеле со рачен блендер и се растворале во хемиски раствор.

Томас бил уапсен ден по пронаоѓањето на телото и првично им рекол на инспекторите дека ја нашол мртва и во паника и го распарчил телото, пренесува Sky News.

Loading...

Јоксимовиќ беше крунисана за Мис на северозападна Швајцарија, а во 2007 година беше финалистка на изборот за Мис на Швајцарија.

Таа подоцна водеше сопствен бизнис како тренер на модели и беше ментор на Доминик Риндеркнехт на изборот за Мис Универзум во 2013 година.