Пар од САД на Фејсбук групата „Things found in walls – and other hidden finds“ објавиле што им се случило кога ја реновирале куќата.
Откако почнале со реновирање останале шокирани од она што го нашле зад долната кабина во кујната. Тоа било таен премин кој водел до нова и досега непозната просторија.
Оваа просторија нема нормална врата од која може да се влезе, туку само преку мал премин, а според сведочењето на збунет пар внатре се уште има остатоци од градежен материјал.
– Само што се вселив во нов стан со моето момче и најдовме скриена соба зад кујната. Дефинитивно ќе оставиме нешто чудно за следните станари – се наведува во коментарот.
Нивното откритие ги поттикна другите корисници на Фејсбук да бараат што имаат околу нивните домови, но никој не најде ништо толку привлечно како оваа двојка