Рускиот актер Иван Краско (87) се разведува од својата шеесет години помлада сопруга, манекенката Наталија Краско.
Причината за разводот, како што тврди, е фактот што Наталија одбива да има секс со него од страв дека би можела да остане трудна.
https://www.instagram.com/p/BjS4FqYlEM6/?utm_source=ig_embed
Иван, кој зад себе има дури 140 улоги во руски филмови, сака дете со неа, но младата манекенка за тоа не сака да слушне.
– Не сакам да станам самохрана мајка. Да се има две деца е голема одговорност, а ние дури немаме ни сопствен стан, рекла Наталија.
Парот се венчал во 2015. година и од тогаш живеат со внукот на Иван, Кирил.
https://www.instagram.com/p/BW1tFtBBUCf/?utm_source=ig_embed

