Ја киднапирал и силувал цели 8 години, ја спасила правосмукалката, а потоа шокираше со својата одлука

Сподели со своите пријатели

Пред петнаесет години, на 23.08.2006 година, во 12:53 часот, 18-годишна тинејџерка трчајќи дошла до нејзиниот дом во Страшоф, населба во близина на Виена. Сите многу добро се сеќаваме на нејзиното име, како и на ужасната приказна што оди заедно со тоа. Наташа Кампус имала само десет години кога ја киднапирал Волфганг Приклопил и ја држел во заробеништво следните осум години.

Loading...

Денес има 33 години и отворено зборува за оваа тешка траума.

Невработениот инженер по телекомуникации, Приклопил, ја грабнал Кампус на пат кон училиште и ја вовлекол во своето комбе на 2 март 1998 година. Тој ја заклучил во просторија во подрум на периферијата на Страшоф, во близина на нејзината куќа. Приклопил и соопштил на својата жртва дека вратите и прозорците се минирани и дека нејзиното семејство ја заборавило.

 

 

Живеела во многу мала, тајна просторија, од само пет квадратни метри. Тоа бил затворен простор со голема челична врата. Влезот бил скриен во гаражата на Приклопил, а просторијата немала прозорци или дневна светлина. Не и ’било дозволено да го напушти тој тесен простор во првите неколку години од нејзиното заробеништво.

Првите шест месеци таа била таму постојано и никогаш не излегла од таму. После тоа, таа се осмелила да остане во други делови од куќата, но ноќе морала да се врати во собата каде што била заклучена додека Приклопил бил на работа.

Loading...

По некое време, собата била преуредена според нејзините идеи. Во моментот кога полицијата за прв пат извршила претрес во куќата, пронашле нови скали кои водат кон креветот, фиоки, полици со чаши, телевизор, маса, стол, тоалет и мијалник, закачалки за облека и вентилатор. Просторијата била полна со хартија, книги, облека, кутии, игри и шише вода.

 

 

Од јуни 2005 година, на Наташа и било дозволено да шета во градината. Во 2006 година, тој и дозволил да ја напушти куќата по потреба. Потоа ја однел на скијање неколку часа во близина на Виена. Тогаш немала шанса да избега. На почетокот, Наташа ја негирала оваа приказна, но со низа докази, признала дека е вистина.

Подоцна, кога ја објасни својата изјава, таа потврди дека ништо не и недостасува во заробеништво. Таа исто така изјави дека е поштедена од многу работи, како на пр не била во можност да започне да пуши, да пие алкохол или да паѓа во лошо друштво, за разлика од нејзините врсници.

Приклопил предупредил дека носи пиштол и дека ќе ја убие ако се обиде да замине.

Наташа тврди дека имала повеќе можности за бегство и признала дека дури и самиот Приклопил понекогаш предлагал начини на кои може да избега. Некои од соседите дури за медиумите изјавија дека има случаи во кои Приклопил ќе јаде во ресторан, додека Наташа го чекала во автомобилот.

Loading...

Сè се сменило на 23.08.2006 година. Таа го чистла и вакуумирала автомобилот на киднаперот. Во 12:53 часот, некој го повикал Приклопил, така што се оддалечил за да не му пречи бучавата од правосмукалката.

Кампус го оставила уредот вклучен и побегнала од дворот. Таа истрчала низ дворовите и улицата на околу 200 метри и ги замоли оние што ќе ги видат на патот да повикаат полиција, но никој не обрнал внимание.

 

 

После пет минути, тропнала на прозорецот од една куќа и се претставила, па жената повикала полиција, која пристигнала во 13:04 часот. Наскоро била однесена во полиција каде и бил потврден идентитетот.

Таа била во добра физичка состојба, иако била прилично бледа, расеана и имала само 48 килограми, скоро како осум години порано, кога исчезнала. Во тие осум години, таа пораснала само 15 инчи.

Савин Фројденбергер, првиот полицаец кој стапил во контакт со Наташа по бегството, рече дека е изненаден од интелигенцијата и вокабуларот на девојчето. По две години во заробеништво, Приклопил започнал да и носи книги, весници, таа имала и радио и гледала ТВ програма ОРФ, позната по промовирање на образованието и класичната музика.

Loading...

Кога Приклопил дознал дека полицијата го бара, тој се самоубил скокајќи под возот во близина на станицата Нордбанхоф во Виена. За него се верува дека го испланирал самоубиството затоа што еднаш и рекол на Наташа дека никогаш нема да биде фатен жив.

По веста за неговата смрт, Наташа изјави дека тагува без оглед на се. Сепак, таа ја негирала можноста за постоење на Стокхолмскиот синдром и јасно го нарече Приклопил како криминалец.

Денес, ослободена од Прикопил, но не и споменитњ, се чини дека Кампус сè уште има многу проблеми да се навикне на „нормалниот“ начин на живот.

– Пред киднапирањето, мојот живот не беше голем. Моите родители се разведоа, честопати се расправаа и го истресуваа гневот и на мене. Ме тепаа и ме навредуваа. До 10-годишна возраст, веќе бев принудно прејадена, депресивна и осамена. Всушност, последните денови од мојата слобода ги поминав фантазирајќи за самоубиство, сонував да се фрлам пред автомобил и мајка ми да жали за мене и да сфати како се однесуваше кон мене неправедно – рече таа пред неколку години.

 

Loading...

 

– Првата вечер го замолив да ме покрие, да ми прочита приказна и да ме бакне за добра ноќ – се сеќава таа.

Тој и купил кроасани за појадок и скапи играчки. Тогаш таа започнала да се однесува како мало дете, со очигледни регресии, а експертите објаснуваат дека тоа е психолошки одбранбен механизам од траума. Сепак, тогаш работите почнале да стануваат почудни. Подароците на Приклопил станале сè понеобични, тој и давал вода за миење на устата и селотејп и и рекол дека е египетски бог.

– Ќе престанеше да ме тепа ако почнам да се удирам сама. Најлесно ми беше да се согласам со него и да не му се спротивставувам. Во непријатни ситуации, кога тој ќе ме избањаше, јас се преправав дека сум во велнес-центар, а него како слуга што ме пере – рече таа.

– Денес разбирам дека тој сакаше да ми покаже колку е посилен од мене, со цел да ме скрши и да ги оневозможи моите мисли за бегство. Потоа стана понасилен, ме држеше заробена во темница со часови, не ми даваше храна – рече таа.

Loading...

Покрај тоа што ја гледаше како „сексуална робинка“, тој ја користел за многу домашни работи.

– Мислам дека со текот на годините тој навистина почна да ми верува. Мислам дека тој сакаше да го создаде својот совршен свет со мене, личност која е со него само за да му служи. Тој имаше визија за мене како за убава ариевска слугинка и жена која ќе го обожава- рече таа.

 

 

Loading...

Кога конечно се нашла на слобода, не можела да се навикне на дружење со луѓе.

– Иако луѓето се дискретни и полни со сочувство, мене ми е непријатно што сум во собата со нив – рече таа во едно интервју.

Оптималното опкружување за неа е излегување на дожд и бури кога луѓето носат чадори потпрени на нејзиното лице за да не гледаат во неа. Набргу по бегството, таа рече дека сонува да има деца, но тоа повеќе не и се случува и не планира семејство.

И покрај сè, таа секој ден оди во куќата што ја наследила од нејзиниот киднапер, го чисти и подготвува истото место каде што ја силувал, изгладувал, тепал и психички малтретирал голем дел од нејзиното детство.

Таа вели дека не сакала да ја продава или руши куќата за некој да не ја претвори во „тематски парк“. Покрај куќата, таа го чувала и автомобилот на Приклопил. Сето ова многу укажува на Стокхолмскиот синдром, односно на болното поврзување на жртвата со киднаперот дури и откако тој ќе биде ослободен.

 

Loading...

 

Во случајот со Наташа, последиците се очигледни. Иако ги напиша книгите „3.096 дена“ и „Десет години слобода“ и заработи многу пари од ТВ интервјуа, снимања и соработка со филмски режисери, таа сепак живее скромно, повлечена и „оштетена“.

Психијатрите сметаат дека таа има ментална блокада што ја спречува да продолжи понатаму, без оглед колку таа самата ќе се обиде да ја рационализира. Денес таа се занимава со изработка на накит.

Leave a Reply