Општинската организација на Либерално-демократската парија во Куманово во вторник одржа седница на Извршниот одбор на партијата.
Ова е прва седница на Извршниот одбор на ЛДП која се одржува надвор од главниот град на државата, а ваквата пракса ќе продолжи и понатаму што секако ќе придонесе за поголемо приближување кон членовите на партијата и кон граѓаните, стои во соопштението испратено до медиумите.

