Извршителите лани наплатиле долгови од над 145 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Минатата година по разни основи, присилно се наплатени над 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата.

Loading...

Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евраод граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на порталот Пари.

 

 

За извршителите се смета дека одлично заработуваат на „туѓата мака“. Што и не е далеку од вистината, а потврда за тоа се и податоците до кои дојде порталот Пари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот канцелар: Се наоѓаме во структурна криза

За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра.

Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надомест за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ.

Loading...

 

 

Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каде е најевтино, а каде најскапо горивото во Европа?

ТОП 10 извршители по приходи:

 

ПРОЦЕНТОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА Е 38,2%

Од судовите во државата извршителите лани примиле 152.079 барања за извршувањеЦелосно се завршени 58.201, со што процентот на реализација е 38,27 отсто.

Речиси половина од износот е со скопско потекло. Со извршување на барањата од Основниот граѓански и од Основниот кривичен суд, од странките се наплатени 73,5 милиони евра.

Loading...

Извршителите оперираат на 11 територии, но другите, според износите, заостануваат зад главниот град.

Како пример, сумата од 11,8 милиони евра е на втората позиција, но постигната е со здружени сили, односно со извршувањата по налози на основните судови од Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Продолжува…

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/izvrsitelite-lani-naplatile-dolgovi-od-nad-145-milioni-evra-cenata-za-ovaa-usluga-e-profit-od-4-milioni-evre/