Извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави дека руската инвазија на Украина продолжува да има разорно влијание врз украинскиот земјоделски сектор и дека извозот на жито во земјата ќе се намали за две третини.

Loading...

Во соопштението се наведува дека војната влијаела на синџирите за снабдување со семиња и ѓубрива кои им се потребни на украинските земјоделци, пишува Дојче веле.

Министерството, исто така, рече дека руската блокада на Одеса го спречува извозот на храна и дека извозот на жито од Украина во 2022 година веројатно нема да биде за повеќе од 35 отсто поголем од минатата година.

Во меѓувреме, откако последниот преостанат голем центар во областа Луганск, Лисичанск, падна под руска контрола, британското министерство објави дека фокусот на Русија најверојатно ќе се префрли на Доњецк, пишува Дојче веле.

„Борбата за Донбас е жестока и исцрпувачка и малку е веројатно дека тоа ќе се промени во наредните недели“, соопшти Министерството, пренесува Бета.