Извозот на Ајфони од Индија двојно зголемен, вредноста надмина 2,5 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Компанијата Apple извезла мобилни телефони Ајфон од Индија, во периодот април – декември, во вредност од повеќе од 2,5 милијарди долари.

Loading...

Тоа е речиси двојно повеќе отколку во целата претходна фискална година (од април до април), објави Блумберг.

Растот на испораките од Индија покажува дека Apple и другите големи компании се обидуваат да најдат алтернативи за Кина за своето работење и дека американскиот технолошки гигант се повеќе се оддалечува од Кина поради зголемените геополитички тензии, пренесува Танјуг.