Изведена првата операција на мозок преку 5G мрежа

Сподели со своите пријатели

Кинески хирург извел прва одалечена операција на мозок во светот користејќи ја 5G технологијата, а пациентот од него бил одалечен 3.000 километри.

Loading...

Др. Линг Жипеи во сабота направил невростимулатор во мозокот на пациентот, јавуваат кинеските државни медиуми. Хирургот манипулирал со инструментите во болницата ПЛАГ од Пекинг од подрачната клиника на јужниот остров Хаинан, одалечена 3.000км. операцијата траела три часа и била завршена успешно. За пациентот кој боледува од Паркинсонова болест, велат дека по операцијата се чувствува добро.

Лекарот користел компјутер поврза на 5G мрежа од најнова генерација коај ја развил кинескиот технолошки гигант Хуавеј. Новиот уред овозможил скоро реална врска, вели др. Линг.

– Едвај чувствувате дека пациентот е одалечен 3.000 километри од вас. Ковенционалните 4G мрежи не дозволуваат хирушки операции поради доцнење на видеата и далечинското управување. Изгледа дека новата технологија ги реши овие прашања, рекол хирургот.

Медицинските институции ширумс ветот направиле низа експерименти со роботска „телесургија“, највпечатливиот пример на американскиот „да Винчи“ хирушки систем. Меѓутоа, технологија допрва треба да оствари значително комерцијално влијание, затоа што постоечките гаџети се критикувани поради проблеми со перформансите.

Одалечената хирургија може да овозможи на луѓето од поодалечените сиромашни региони, како и воени зони, веднаш да добиваат помош на врвни лекари ширум светот. Благодарение на големата пропусност и малата латенција (проблеми кај сателитскиот интернет“, 5G овозможува „екстрмено ниско доцнење во работата“ во текот на операцијата, вели произведувачот.

Leave a Reply