Кошаркарите на Куманово вечерва претрпеа пораз во вториот меч од БИБЛ лигата оваа сезона, откако на гостински терен беа совладани од составот на Хапоел Галил со резултат 87:96.

Уште од самиот старт кошаркарите од Израел направија поголемо водство над домаќинот и по десет минути игра кумановци имаа негатива со резултат 13:26.

Втората четвртина не мина ништо поразично откако предноста на израелците само се зголеми на 22 поени. Но Куманово даде се од себе да ја стопи разликата и во еден момент да биде на едноцифрена негатива.

Првото полувреме заврши со водство за гостинскиот тим од 34:48.

Стабилната игра која ја диктираа Израелците не се промени и во вториот дел од средбата, во која избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски лавовски се бореа да направат пресврт, но уфрлија еден поен помалку од противникот.

Рутински беше одигран натпреварот и во последните десет минути на паркетот, по што составот од Израел славеше над Куманово.

Ненад Зивчевиќ беше најефикасниот во редовите на Куманово и достигна високи 33 поени и 4 скока, 14 поени впиша Џонатан Холмс, 11 поени имаше Каплановиќ, а 10 Глигоријевиќ.















Никола Ивановски

