Израелскиот вселенски брод Берешит кој лета кон Месечината испрати прва фотографија на која се гледа знамето на Израел, снимено во вселената на селфи, 77.600 километри од Земјата.
На плочата поставено на леталото под знамето пишува Am Israel Hai (Народот на Израел живее“ и „Мала земја, големи сништа“, а во позадина се гледа јужната хемисфера на Земјата и Австралија.
Фотографијата е направена откако минатата недела е изведен клучен маневар откако се забележани неправилности на компјутерот.
Леталото е лансирано пред две недели од флоридскиот Кејп Карневал на ракетата „Фалкон 9“ на приватната фирма Спејс Екс на Илон Маск.
Ако мисијата биде успешна, бершит ќе биде запаметен како прв приватен вселенски брод кој долетал на Месечината и прв од Израел, пишуваат тамошните медиуми.