Бригадите Ал-Касам, военото крило на Движењето на исламскиот отпор Хамас, објавија видео на кое се гледаат тројца израелски затвореници во Појасот Газа како бараат од нивните лидери да не ги оставаат во заробеништво и да не нè остават „таму да остарат“.
Хаим Бери (79), еден од израелските затвореници, рече дека е од Кибуц Наир Уз и дека е во заробеништво заедно со група стари лица, пациенти со хронични болести, кои страдаат поради многу тешките услови во кои тие се.
„Ние сме генерацијата која ја изгради државата и учествуваше во градењето на армијата. Не разбирам зошто бевме оставени овде?“, додаде тој.
Очигледно апелирајќи до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој рече: „Морате да не ослободите по секоја цена“.
„Ослободете не без никакви услови“
„Не сакаме да бидеме жртви на напади на воздухопловните сили. Ослободете не без никакви услови и не дозволувајте да остариме овде“, продолжи тој.
Благодарение на посредништвото на државата Катар беше постигнато привремено хуманитарно примирје кое траеше една недела.
Во тој период, израелските затвореници од Појасот Газа беа разменети за Палестинци кои Израел ги држеше во затворите, вклучувајќи жени и деца, во сооднос 1:3, пред да се прекине примирјето на почетокот на декември.
Во Тел Авив ескалираат демонстрациите со барање за нов договор за размена на затвореници, особено откако израелските сили убија тројца израелски затвореници во Газа, што предизвика гнев и зголемен притисок врз десничарската влада на Нетанјаху.