Израелските војници убиле заложници мисејќи дека станува збор за заседа

Сподели со своите пријатели

Израелските војници убиле тројца израелски заложници во градот Газа на 15 декември бидејќи мислеле дека се милитанти на Хамас кои се обидувале да ги намамат во заседа со лажни повици за помош, соопшти војската во четвртокот, заклучувајќи дека војниците постапиле правилно во проценката на ситуацијата.

Loading...

Израелската армија веднаш ја презеде одговорноста за убиството на заложниците, кои беа киднапирани од милитантите на Хамас на 7 октомври во напад на јужен Израел. Хамас потоа киднапираше 240 луѓе.

Израелската армија во четвртокот ги објави резултатите од истрагата и заклучи дека „нема ништо злонамерно во инцидентот и дека војниците постапиле правилно во согласност со нивната проценка за тогашната ситуација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас ќе го извести Израел за името на третиот заложник што ќе биде ослободен утре

Истрагата покажа дека нема разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека заложниците биле во зградите каде војниците наишле на силен оган.

Војската објави дека на видеото се гледа дека заложниците ги соблекле кошулите и дека еден вееле бело знаме, но тие биле идентификувани како заложници само кога биле прегледани нивните тела.

Нивните повици за помош биле погрешно протолкувани како обид на милитантите да ги намамат војниците во заседа, објаснуваат од армијата.

„ИДФ не успеа во својата мисија да ги спаси заложниците во тој настан. Целиот синџир на команда чувствува одговорност за тој тежок настан, жали за неговиот исход и ја споделува тагата на семејствата на тројцата заложници“, рече врховниот командант на израелската армија Херцл Халеви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелскиот МНР: Австралија не прави доволно за да ги заштити Евреите