Израелските сили убиле еден и раниле 11 Палестинци на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили на окупираниот Западен Брег убиле еден, а раниле 11 Палестинци.

Loading...

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави дека синоќа дошло до судири меѓу израелските сили и жителите на северен Хеброн.

Израелската армија соопшти дека војниците пукале кон Палестинците кои фрлале камења и импровизирани експлозивни направи врз припадниците на израелските сили за време на воена операција во тој град, а врз војниците било пукано и.

Во соопштението на палестинското Министерство е прецизирано дека девет Палестинци се ранети од живи куршуми, а двајца имале отежнато дишење откако вдишале солзавец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во ЕУ во август се регистрирани 643.637 нови автомобили

Еден ранет починал утрово, соопшти Министерството, но не го идентификувале.

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците растат со месеци, бидејќи израелските сили ноќешно апсат осомничени екстремисти по серијата смртоносни напади во Израел минатата пролет, во кои загинаа 19 лица.

Речиси 140 Палестинци се убиени во судирите на Западниот Брег и Источен Ерусалим оваа година, што е најмногу од 2006 година.

Израелската армија тврди дека повеќето од убиените Палестинци биле екстремисти. Убиени се и млади мажи кои протестираа против израелските напади и Палестинци кои не беа вклучени во конфликтот.

Loading...

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст по одлуката на ФЕД да ги намали каматните стапки

Палестинците се стремат да основаат своја независна држава на тие територии.