Двајца Палестинци се убиени денеска во нова операција на израелските сили на окупираниот Западен Брег, една недела по смртоносниот напад во центарот на Тел Авив.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека двајцата млади им подлегнале на повредите здобиени во израелскиот напад во областа Џенин.
Израелската војска соопшти дека се работи за „контратерористичка операција“ на Западниот Брег, но не ја коментираше палестинската изјава за жртвите.
Локалните извори соопштија дека Палестинците биле убиени за време на судирите во селата околу градот Џенин, упориште на палестинските вооружени движења на северозападниот брег.
Еден адвокат и двајца млади Палестинци беа убиени во одвоени инциденти на Западниот Брег во средата.
Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена
Од 22 март се случија четири напади во Израел, а напаѓачите беа тројца израелски Арапи поврзани со џихадистичката организација Исламска држава и најмалку двајца Палестинци од областа Џенин.
Во тие напади загинаа 14 лица, а од другата страна 20, наведува Франс прес.
Израелската армија во саботата започна голема операција на Западниот Брег, велејќи дека трага по осомничени поврзани со антиизраелските напади, особено во Тел Авив, во кои минатиот четврток загинаа три лица.
Напаѓачот, млад Палестинец, е убиен по неколкучасовна потрага.