Во текот на ноќта израелски воени авиони погодија околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија.
Loading...
Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, пишува Тајмс оф Израел.
Армијата додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските цивили“.
Во претходната размена на оган минатата недела, повеќе од 50 ракети беа истрелани од Либан кон областа Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел.
Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, повикувајќи се на израелски напад врз градот Фурун, во кој загинаа тројца болничари.