Израелските сили цела ноќ го бомбардираа Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Голем број Палестинци беа убиени и ранети во нападите на израелската армија во различни делови на блокираниот Појас Газа во текот на ноќта.

Loading...

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската армија продолжи со нападите врз бегалските кампови Ал-Нусејрат и Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа, бегалскиот камп Џабалија на север и градовите Кан Јунис и Рафах во југот.

Најмалку 17 лица, претежно деца, загинаа, а десетици се повредени во напад на израелски воени авиони врз куќа во која раселените семејства се засолниле во бегалскиот камп Ал-Магази.

Во нападот беа оштетени и околните куќи.

Четворица Палестинци загинаа во воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусејрат.

Во бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа, израелски воени авиони ги бомбардираа куќите на семејствата Усфура, Ан-Наџар, Абу ал-Асал и Увејда и областа околу џамијата Ал-Кулафа, а исто така беше нападнато со артилериски оган и училиштето Абу Хусеин. Имаше мртви и ранети.

Израелски воени авиони извршија воздушен напад и врз куќа во бегалскиот камп Шабура во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Во нападот загинаа најмалку шест лица, а многумина беа повредени.

Loading...

Во источниот дел на Кан Јунис, цел на воени авиони и артилериски оган биле куќи, земјоделски површини и бунари.

Мртвите и ранетите се пренесени во болницата Насер.