Израелскиот парламент го усвои нацрт-законот за реформи во правосудството

Сподели со своите пријатели

Израелскиот парламент (Кнесет) рано утринава во прво читање го усвои предлог-законот кој значително ќе го ослабне судството и, според противниците на реформите, ќе ја поткопа израелската демократија.

Loading...

Предлог-законот беше усвоен со 63 гласа „за“ и 47 против, немаше воздржани, иако дел од пратениците го бојкотираа гласањето, јавуваат израелските медиуми.

Новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху продолжува со својот план за судски реформи и покрај силното противење меѓу Израелците и повиците на воздржаност од најважниот сојузник на Израел, САД.

Гласањето утринава беше само прелиминарно одобрување на планот, пренеусва АП, но тоа е важен чекор за владата во време кога десетици илјади луѓе протестираат против реформите, критикувани од влијателни сектори на општеството и продлабочување на поделбите во веќе поларизирана земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија планира доброволна воена служба од шест месеци

Предлог-законот беше усвоен по дебата која траеше повеќе од седум часа. Сега тој документ се враќа во Законодавната комисија, пред второ и трето читање на пленумот пред да стане закон.

Нетанјаху и неговите ултра-религиозни сојузници и ултра-националистички пратеници велат дека планот има за цел да го промени системот во кој судовите и владините правни советници имаат преголемо влијание врз законите и одлуките.

Критичарите предупредуваат дека тоа ќе го поткопа системот на контроли и рамнотежи и ќе ја концентрира моќта во рацете на премиерот. Велат и дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, е во конфликт на интереси.

Ултрадесничарскиот пратеник Симха Ротман го претстави предлогот на Кнесетот за време на жестока дебата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  15 лица загинаа во израелските напади во Појасот Газа

Неколку опозициски пратеници беа отстранети од салата од страна на чуварот затоа што му викаа, а однесен е и еден набљудувач бидејќи гнев го скршил заштитното стакло на балконот.

Плановите за судски реформи предизвикаа една од најголемите внатрешни кризи во Израел и ги интензивираа поделбите меѓу Израелците во однос на карактерот на нивната држава и вредностите во кои тие веруваат, наведува АП.