Вчера, на окупираниот Западен Брег, израелски војници го урнаа домот на Палестинец осомничен за убиство на израелски војник минатата година.
Израел смета дека со уривањето куќи ги одвраќа Палестинците од нови напади, а противниците на таа тактика предупредуваат дека тоа е колективна казна, пренесува АП.
Тоа се случи во една недела на зголемени тензии и насилство на Западниот Брег и само неколку часа откако во напад со беспилотно летало загинаа тројца палестински екстремисти во близина на градот Џенин, а еврејските доселеници ги нападнаа палестинските села како одмазда за убиството на четворица Израелци во вторникот.
Во понеделникот, во напад на израелската војска загинаа седум Палестинци, вклучително и двајца млади, во близина на Џенин, упориште на екстремистите на Западниот Брег.
Ден подоцна, во вооружен напад на двајца Палестинци, загинаа четворица Израелци, меѓу кои и седумнаесетгодишно момче, пренесува Бета.