Израелски војници убија Палестинец на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелски војници утрово убија Палестинец на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Израелската армија потврди воена операција во градот Наблус на северот на Западниот Брег.

Како што се наведува, станува збор за подготовки за уривање на куќата на осомничениот за вооружен напад во областа во февруари, во кој беа убиени двајца Израелци.

„За време на операцијата беа фрлани камења и пукано врз војници, кои одговорија со боева муниција. Едно лице е погодено“, се вели во военото соопштение.

Палестинското Министерство за здравство ја идентификуваше 22-годишната жртва и потврди дека е убиена од боева муниција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Во меѓувреме, спокојството се врати во Појасот Газа по петдневните судири меѓу Израел и Исламскиот џихад, а насилството продолжува на Западниот Брег, палестинска територија под израелска окупација од 1967 година.

Од почетокот на оваа година, најмалку 150 Палестинци се убиени на Западниот Брег.

Во исто време, во палестинските напади врз Израелците загинаа 20 лица, меѓу кои една Украинка и Италијанец, според податоците на АФП собрани од официјални израелски и палестински извори.

Loading...

Вооружени луѓе и цивили, вклучително и малолетници, беа убиени на палестинска страна, а главно цивили, меѓу кои малолетници и тројца припадници на арапското малцинство, на израелска страна.

Уште 33 Палестинци и двајца Израелци беа убиени во судирите меѓу израелската армија и Исламскиот џихад во Газа од вторник до сабота минатата недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во авион: Патниците почнале да крварат од устата и ушите, веднаш бил приземјен

Палестинците денеска организираат демонстрации за да ја одбележат 75-годишнината од Накба (на арапски значи катастрофа) како што го нарекуваат основањето на државата Израел кога повеќе од 700.000 беа принудени да избегаат или беа протерани од своите домови.