На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како израелски војници палат залихи во задниот дел на камион, во кој има шишиња со вода и картонски кутии.
Камионот од видеото е со палестински таблички, пишува Скај.
Војникот на видеото вели дека тие се во населбата Шејаја во северна Газа и дека е снимено на вториот ден од Ханука, кој бил сабота.
Тој додава дека окното на тунелот на Хамас е снимено во близина.
Израелска армија: Преземаме одредени активности
На друго видео, војник е снимен во палестинска продавница. Таму зема предмети од полиците, вели дека веќе ги нема на залиха, а потоа ги фрла и ги уништува.
Израелската војска (IDF) изјави за Sky News дека презела одредени дејствија и дека ќе преземе дисциплински мерки против војниците вклучени во инцидентот.
#Shame another shameful act by #Israel Army they set fire the humanitarian aid sent to Gaza
Follow me for updates#Gaza #Gaza_Geniocide #IsraelApartheidState #الاضراب_الشامل pic.twitter.com/duMmKYNC32— Dr Ayesha (@drtruthe) December 10, 2023