Израелски воени булдожери ги уриваат објектите на ОН во Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Израелските булдожери во вторник почнаа да ги уриваат зградите во комплексот на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во населбата Шеик Џара во Ерусалим, објави палестинската новинска агенција WAFA.

Во меѓувреме, дописник на телевизиската мрежа Ал Арабија објави дека крајно десничарскиот израелски министер Итамар Бен-Гвир го надгледувал процесот на уривање.

Локални извори наводно рекле дека „израелските воени сили, придружени од булдожери, упаднале во комплексот на агенцијата откако ги затвориле околните улици и го зголемиле своето присуство во областа и продолжиле да ги уриваат зградите во комплексот“, објавува WAFA.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради штрајк во јавниот сектор на северот од Германија, сообраќај е отежнат

Изворите додадоа дека војниците истовремено го кренале израелското знаме во седиштето на UNRWA додека ја извршувале операцијата на уривање.