Израелски научници тврдат дека пронашле лек за целосно лекување на ракот

Сподели со своите пријатели

Мал тим израелски научници би можел да биде близу пронаоѓање лек за целосно излекување на ракот.

Loading...

– Веруваме дека за година дена ќе понудиме лек за целосно лекување на ракот. Нашиот лек за рак ќе биде ефикасен од првиот ден, ќе трае неколку недели и нема да има несакани ефекти или тие ефекти ќе бидат минимални. И сето тоа по многу пониска цена од поголемиот дел други лекови на пазарот. Нашето решение ќе биде генеричко и лично, истакнал Дан Аридор, зборувајќи за новиот начин на лекување кој го развила неговата компанија.

Звучи фантастично особено ако се земе предвид дека споре дизвештаите на Меѓународната агенција за истражување на ракот, секоја година ширум светот се дијагностифицираат 18,1 милиони нови случаи на болеста. Секоја шестта смрт во светот е последица на рак, што го прави втора водечка причина за смрт, веднаш зад кардиоваскуларните болести.

Аридор тврди дека третманот кој го нарекуваат „Мутато“ во суштина е на ниво на антибиотк против рак.

Тимот научници во 2018 година освоил Нобелова награда за својата работа на прикажување на бактериографи во насочена еволција на нови протеини. Сличен процес користи и компанијата на Аридор, само што во процесот се вклучени пептидите, соединенија на две или повеќе амино киселини кои се поврзуваат во низа. Според Морадо, пептидите имаат неколку предности во однос на антителата, вклучително и тоа што се помали, поевтини и полесни за производство и регулација.

– Работиме на она што сите други работеа, обидувајќи се да откриеме нови пептиди за точно одредување на типот на рак, рекол Морад зборувајќи за движењето на компанијата АЕВi. Меѓутоа, заедно со др. Ханан Ицаки одлучил да направи нешто поголемо.

Првиот чекор бил да се утврди зошто постечките лекови за рак не се делотворни. Потоа пронашле начин да се спротивстават на тој ефект.

Поголемиот дел од антиканцерогените лекови напаѓаат одредена мета на или во клетките на ракот, објаснил Морад.

Loading...

Мутациите на клетеките на ракот можат да доведат до неефикасност на лекот бидејќи тој не препознава мутирана клетка на рак како „непријател“.

Наспроти тоа, „Мутато“ користи комбинација од неколку пептиди кои се насочени на сите клетки на ракот истовремено во комбинација со силен петиден токсин кој би ги уништил клетките.

– Се погриживме во текот на процесот да не дојде до мутации, потенцирал Морад.

Имено од клетките на ракот нема да биде чистен само еден по еден рецептор, туки три истовремено, а дури ни ракот не може да мутира три рецептори во исто време.

Многу цитолошки антиканцерогени третмани таргетираат на брзо растечките клетки. Но, матичните клетки не растат брзо и можат да ги избегнат тие третмани. Тогаш, кога третманот ќе заврши можат повторно да предизвикаат рак.

Ако ракот не се уништи целосно, преостанува клетките да можат повторно да мутираат, а тогаш ракот се враќа и со тоа станува отпорен на лекови, рекл Морад.

Тој објаснува дека поради тоа што клетките на ракот се раѓаат од мутациите, поголемиот дел од протеините кои се насочени на тие клетки постојат во матичните клетки на ракот. „Мутато“ со своите „напади“ вели дека тие ќе бидат уништени.

Новиот третман ќе се однесува како октопод, може да влезе на места каде други големи молекули не можат да досегнат.

Loading...

– Тоа би требало да направи цел молекул да биде неимуноген во поголемиот дел од селучаи и би овозможил повторување на давање на лекот, рекол тој.

Leave a Reply