Израелски министер за одбрана: Хамас се обидува да ја префрли војната на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Според израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, Хамас сака да ја пренесе војната од Појасот Газа на Западниот Брег.

Loading...

– Целта на Хамас е да ги запали Јудеја и Самарија (на хебрејски Западниот Брег), а ако е можно и планината на храмот (во Ерусалим), рече Галант во неделата на состанокот со воените команданти од Западниот Брег окупиран од Израел.

Хамас не успеа да ги деморализира Израелците или да постави клин меѓу Израел и САД со својот терористички напад врз Израел на 7 октомври, продолжи Галант.

Затоа сега имаат намера да го „запалат“ Западниот Брег и планината на храмот, место свето и за Евреите и за муслиманите, рече тој.

Тој им рекол на своите команданти „да се подготват за војна“, да ги стават трупите во состојба на готовност и да собираат релевантни разузнавачки податоци.

Од почетокот на војната во Газа по нападот на Хамас во октомври минатата година, се зголемија тензиите и конфликтите на Западниот Брег.

Минатиот петок израелската армија уби тројца Палестинци кои со огнено оружје се обидоа да нападнат еврејска населба во близина на Хеброн.

Палестинците на Западниот Брег повторно страдаат од зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз нивните села и маслинови градини, пренесува Дпа.

Loading...