Израелски министер: Напад врз Иран е можен за две или три години

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Израел може да ги нападне иранските нуклеарни постројки за две или три години.

Loading...

„За две или три години, можеби ќе летате на небото во правец на исток и ќе учествувате во напад на нуклеарни постројки во Иран“, рече Ганц во говорот на промоцијата на питомците на израелските воздухопловни сили, пренесе Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.

Повеќе од 10 години Израел се закануваше дека ќе ги нападне иранските нуклеарни постројки во случај дипломатските игри со Техеран за нуклеарната програма да влезат во ќорсокак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Бразил затворена фабрика за кинески електрични автомобили. „Работниците живееја како робови“

Некои експерти, сепак, се сомневаат дека Израел може да му нанесе трајна штета на Иран, имајќи предвид дека нуклеарните постројки се оддалечени и добро чувани.

Збогатување ураниум

Меѓународните напори за обновување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година се во застој, а Иран во меѓувреме продолжи да збогатува ураниум што потенцијално би можел да се користи за нуклеарни бомби.

Иран би можел да ја постигне чистотата на ураниумот што би се користел како оружје, но не е способен да произведе боева глава што би послужила како носач, оцени на почетокот на месецов генералот на израелската воена разузнавачка служба, потсетува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешни израелски агенти за пејџер експлозиите во Либан: „Не знаеја дека ги купуваат од нас“