Израелски гранични полицајци избодени во Ерусалим, напаѓачот убиен

Сподели со своите пријатели

Службеници на израелската гранична полиција се ранети утрово во напад со нож во близина на Иродовата порта во Ерусалим, потврди израелската полиција.

Loading...

Според извештајот, нападот се случил во близина на израелска полициска станица во главниот град, пренесува Jerusalem Post.

Состојбата на ранетата полицајка се влошила и таа сега е во критична состојба. Вториот полицаец е во лесна до умерена состојба, соопшти полицијата.

Напаѓачот бил убиен од полицајци кои реагирале на местото на нападот.

Болничарите ги згрижија ранетите полицајци пред да бидат итно пренесени во Универзитетскиот медицински центар во Ерусалим на понатамошно лекување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка

Полициските службеници почнале да собираат докази на местото на настанот и да ја проверуваат областа за да ја отфрлат можноста за други соучесници во нападот.

На местото на нападот излегол и началникот на полицијата Коби Шабтаи.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 16-годишен жител на населбата Исавија во источен Ерусалим.

Loading...

Полицијата истакна дека во близина е приведен уште еден осомничен и дека „се истражува неговата поврзаност со терористот и нападот“.

„Кога пристигнав на местото на настанот, случајните минувачи рекоа дека терористот е неутрализиран. Им пруживме прва помош на една жена на 20-годишна возраст која беше тешко повредена и еден млад маж кој се здоби со полесни повреди. Тие потоа беа пренесени во болница за понатамошен третман“, рече е Елад Ревансери, волонтер на Јунајтед Хацалах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Времето за договор со Хезболах истекува

Нападот се случи во време на зголемени тензии во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, додека Израел води жестока војна против Хамас во Појасот Газа.

Минатиот месец двајца полицајци беа ранети, од кои еден тешко, во пукање пред истата полициска станица во Ерусалим.