Израелската војска нападна објект на Хамас

Сподели со своите пријатели

Израелската армија рано утринава нападна воена цел на Хамас во Појасот Газа како одговор на ракетите истрелани синоќа.

Loading...

Размената на оган изби неколку часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден ја заврши посетата на Израел и на палестинските територии.

Како што се наведува, борбениот авион таргетирал подземен објект со суровина за производство на ракети.

Два ракетни напади беа извршени во рок од неколку часа еден од друг, а во јужен Израел се огласија предупредувачки сирени, но нема повредени или материјална штета.

Војската соопшти дека една ракета била пресретната, а другите паднале на отворен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брат на претседателката на Перу доби три години истражен затвор во случај на корупција

Ниту една палестинска организација не ја презеде одговорноста за ракетниот истрел, но Израел го обвинува Хамас, екстремистичката исламска организација која владее со Газа 15 години, за целото насилство во областа.

И покрај тензиите во изминатите месеци, тридневната посета на Бајден за Израел и окупираниот Западен Брег помина без проблеми.

Тој се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас на Западниот Брег и ја изрази својата поддршка за палестинската независност, но рече дека не се зрели условите за обновување на мировните преговори.

Loading...

Хамас ги отфрли изразите на Бајден на сочувство за Палестинците и ги означи САД, како што рече, „партнер во агресијата против нашиот народ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија: Сајбер напади насочени кон владата на Канбера и клучната инфраструктура на земјата

Тој, исто така, го критикуваше Абас за средбата со Бајден и поддршката на мировниот процес.

Хамас не го признава Израел. Откако ја презеде контролата врз Газа насилно во 2017 година, Хамас војуваше со Израел четири пати, а прекуграничното насилство изби неколку пати.