Израелската валута се повеќе паѓа во однос на доларот

Сподели со своите пријатели

Израелскиот шекел падна на најниско ниво во последните 11 години во однос на американскиот долар поради шпекулациите за копнените операции на Израел во Појасот Газа.

За еден долар се потребни 4,08 шекели. Последен пат толку ниска вредност на израелската валута е забележана во јули 2012 година, објави Си-Ен-Ен.

Вредноста на шекелот падна за повеќе од шест отсто откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, а Тел Авив одговори со напади врз Газа.

Можност за пад на кредитниот рејтинг

Во меѓувреме, вредноста на шекелот продолжи да паѓа, особено по веста дека израелските одбранбени сили (ИДФ) извршиле „цеден напад“ во северниот дел на Газа и откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ИД се подготвува за копнена офанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биткоинот скокна: Надмина вредност од 93.500 долари

Агенциите за кредитен рејтинг предупредија дека би можеле да го намалат рејтингот на Израел поради влијанието на војната врз економијата, институциите и јавните финансии, пренесува Танјуг.