Израелската полиција денеска застрела и уби Палестинец кој се обидел да избоде со нож припадници на израелските сили за време на рација во Источен Ерусалим, соопшти полицијата.
Loading...
Полицајците бараle нелегално оружје во населбата Кафр Акаб во источен Ерусалим, додаде полицијата.
Кога полицијата се приближила до куќата, мажот вооружен со нож се обидел да ги избоде, пренесе АП.
Тие почнаle да пукаат во осомничениот и тој подоцна bil прогласен за мртов, додаде полицијата, а палестинските медиуми го идентификуваа човекот како Мохамед ал-Шахам.
Инцидентот се случи два дена откако палестински напаѓач отвори оган во автобус во Ерусалим, при што беа повредени осум лица, меѓу кои и неколку американски државјани.