Loading...
Израелската полиција им забрани на странските медиуми да ги снимаат локациите на директните ирански ракетни напади, беше објавено денес.
Овие мерки беа спроведени во согласност со политиката на министерот за национална безбедност Бен-Гвир за забрана за емитување, а под надзор на комесарот на полицијата Дани Леви, со поддршка на Министерството за комуникации, објави израелскиот „Џерусалем пост“.
Властите постојано предупредуваат да не се споделуваат информации за локациите на пресретнувањата и ударите на ракетите, бидејќи тоа би можело да му помогне на Иран да ја подобри точноста на своите напади.