Израелската економија ослабе за речиси 20 отсто поради војната во Газа

Сподели со своите пријатели

Според прелиминарната проценка на израелското Централно биро за статистика (CBS), израелската економија се намалила за 19,4 отсто на годишно ниво во четвртиот квартал од минатата година поради војната во Појасот Газа.

Loading...

Институтот наведува дека падот на економијата во последниот квартал е предизвикан од влошувањето на состојбите во сите сектори во време кога нивото на инвестиции паднало за 70 отсто.

Според податоците, растот на економијата на Израел се намалил за два отсто во текот на целата 2023 година, за разлика од 2022 година кога изнесувал 6,5 отсто.

Приватната потрошувачка е намалена за 27 отсто во четвртиот квартал, по што следи намалување на јавната потрошувачка за околу 90 отсто во истиот период на годишна основа.

„Падот на економијата во четвртиот квартал од 2023 година беше директно под влијание на војната со Газа. БДП се промени по широката мобилизација на резервните војници, плаќањето на алтернативните трошоци за домување и недостатокот на работна сила во градежништвото“, соопшти Заводот за статистика.

БДП на Израел порасна за 2,5 отсто на годишно ниво во периодот јули-септември минатата година во споредба со три месеци претходно, што е намалување од претходната проценка од 2,8 отсто.

Очекувањата на одделот за истражување на Централната банка на Израел се дека војната во Појасот Газа ќе потроши во просек околу три отсто од БДП до крајот на 2024 година.

Економски пад по 2009 година

Loading...

Војната на Израел во Појасот Газа избувна по нападот на Исламското движење на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година како одговор на израелските прекршувања врз Палестинците и нивните свети места.

Со исклучок на 2020 година, кога КОВИД-19 го погоди светот и кога израелската економија се намали за 2,5 отсто, последниот економски пад беше во 2009 година по глобалната финансиска криза.

Во целата 2023 година главно влијание врз економијата имало нивото на инвестиции кои паднале за два отсто и потрошувачката по жител паднала за 2,8 отсто.

Овие податоци доаѓаат неколку дена откако Мудис го намали кредитниот рејтинг на Израел од „А1“ на „А2“ со негативна прогноза, што е прво намалување во историјата на израелската држава.

Мудис тогаш објави дека причината за намалувањето на кредитниот рејтинг на Израел е војната со Хамас и нејзините последици, додека агенцијата очекуваше должничкиот товар во Израел да порасне над очекувањата пред војната во Газа.

Се предупреди дека ризиците од ескалација на конфликтот со Хезболах сè уште постојат, што ја зголемува можноста за значително негативно влијание врз израелската економија.