Во последните денови, војниците на ИДФ од 91-та дивизија започнаа ограничени и насочени копнени операции против клучните упоришта на Хезболах во јужен Либан, со цел зајакнување на предната одбранбена зона.
– Оваа активност е дел од поширок одбранбен напор за воспоставување и зајакнување на предната одбранбена позиција, што вклучува демонтирање на терористичката инфраструктура и елиминација на терористите што дејствуваат во областа, со цел отстранување на заканите и создавање дополнителен слој на безбедност за жителите на северен Израел – известува израелската армија.

Пред влегувањето на војниците во областа, ИДФ изврши артилериски и воздушни напади врз бројни цели на Хезболах за да ги намали заканите во оперативната средина.
– ИДФ ќе продолжи решително да дејствува против терористичката организација Хезболах, која одлучи да се приклучи на непријателствата и да дејствува под покровителство на иранскиот терористички режим. ИДФ нема да дозволи израелските цивили да бидат загрозени – објавија Израелците.

Главен сојузник
Хезболах е главната врска во шиитската полумесечина на Иран, која ги вклучува сојузниците на Техеран од Хезболах во Либан до Хутите во Јемен.
Хезболах неодамна, во координиран напад со Иран, го бомбардираше северниот дел на Израел со стотици ракети, а стотици илјади Израелци мораа да одат во засолништа.

