Израелската армија тврди дека пресретнала ракета истрелана од Јемен

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денес објави дека пресретнала ракета истрелана од Јемен.

„Ракета истрелана од Јемен беше пресретната од израелските воздухопловни сили“, објави израелската армија на Телеграм.

Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, редовно лансираат ракети или беспилотни летала кон Израел, од кои огромното мнозинство се пресретнати.

Вчера, израелските воздухопловни сили ги бомбардираа позициите на Хутите во Сана и северната покраина Јафа.

Јеменските бунтовници, кои контролираат делови од Јемен, објавија дека 35 лица се убиени во нападите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ја критикува ЕУ: Санкциите испраќаат лоша порака и го зајакнуваат Хамас