Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека членовите на нивната 401 оклопна бригада пронашле околу 100 ракетни фрлачи и најмалку 60 ракети подготвени од Хамас во Беит Лахиа, додавајќи дека десетици оперативци на Хамас загинале во борбите во областа.
ИДФ наведува и дека во северниот дел на Газа, борбен хеликоптер и друг авион оперирале против група борци на Хамас и убиле девет од нив, пишува Тајмс оф Израел.
Според извештаите, на југот на Појасот Газа, неколку борбени авиони нападнале оперативци на Хамас во областа Кан Јунис, а еден нападен хеликоптер погодил „набљудувачка станица што ја користела таа терористичка група“.
Воздушен напад е извршен и врз фрлачот на противтенковски наведувани ракети на Хезболах во Кафр Кили, на југот на Либан, се додава во соопштението на израелската армија, пренесува Танјуг.