Израелската војска соопшти дека воздушната одбрана соборила наведувана ракета земја-воздух истрелана од Либан кон беспилотен воен авион (UAV) и одговорила со гаѓање на локации на Хезболах.
Loading...
Жителите на северен Израел пријавиле дека слушнале силни експлозии, пренесува Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг
Беспилотното летало не било оштетено и „ја продолжило со својата мисија“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили утринава.
Се додава дека проектилот не навлегол во израелскиот воздушен простор.