Израелската армија пресретна дрон лансиран од Јемен

Сподели со своите пријатели

Израелската армија утринава соопшти дека пресретнала беспилотно летало пред да влезе на нејзина територија, а било лансирано од Јемен, од каде што бунтовниците Хути неодамна извршија неколку напади врз Израел.

Loading...

„Дрон лансиран од Јемен беше пресретнат од воздухопловните сили пред да влезе на територијата на Израел“, се вели во соопштението на армијата.

Јеменските бунтовници Хути гаѓаат израелски цели од почетокот на израелската војна против палестинското движење Хамас на 7 октомври 2023 година.

Хутите тврдат дека ги извршуваат нападите во знак на солидарност со Палестинците.