Израел тврди дека неговите сили почнале да го напаѓаат Хезболах „низ Либан“, а локалните медиуми објавија дека огромен облак од чад се издига кон небото над Бејрут, главниот град на Либан.
Израелската армија (ИДФ) објави на социјалните мрежи дека Хусеин Маклед, шефот на разузнавачкиот штаб на Хезболах, бил „елиминиран во прецизен напад во Бејрут“.
An israeli strike just hit the southern suburbs of #Beirut. Ongoing strikes in #Lebanon since dawn, after #Hezbollah attacks on #Israel. pic.twitter.com/boZQlxuPRi
— Zeina Antonios (@zeinaantonios) March 2, 2026
„Како одговор на ракетите испукани од Либан кон Израел, ИДФ ги таргетираше терористите на Хезболах во Бејрут, десетици командни центри на Хезболах и иранскиот терористички режим и место што го користи Хезболах за складирање оружје во Тир.
ИДФ е подготвена за сценарио на повеќе фронтови и да се бори против секоја закана за Израел и израелските цивили“, рекоа тие.
Да ве потсетиме, синоќа тие го изјавија и следново:
„Како одговор на ракетниот оган кон северен Израел, ИДФ напаѓа цели на Хезболах низ Либан. Хезболах дејствува во име на иранскиот режим, отворајќи оган врз израелските цивили и донесувајќи уништување во Либан.
Војниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) се подготвија за такво сценарио како дел од операцијата „Рикачки лав“ и се подготвени за сценариото на сите фронтови.“
Hezbollah just made a big mistake. pic.twitter.com/DELwKkzyc8
— Israel Defense Forces (@IDF) March 2, 2026

